МАЈКА НА 11-МЕСЕЧНО БЕБЕ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА Вероника Консевиќ во битка за бронза во Таранто

Единствената македонска претставничка во борење во слободен стил вечерва се соочува со Србинката Милица Перовиќ. Консевиќ привлече внимание и со својата најверна поддршка, 11-месечното бебе кое е со неа во Таранто.

67

Вероника Консевиќ вечерва ќе се бори за бронзен медал за Македонија на Медитеранските игри во Таранто. Покрај спортскиот резултат, македонската борачка привлекла внимание и со својата најмала поддршка, нејзиното 11-месечно бебе е со неа на Игрите.

Консевиќ е единствената македонска претставничка во борење во слободен стил. Таа настапува во категоријата до 57 килограми.






Нејзина противничка во борбата за бронзениот медал ќе биде српската борачка Милица Перовиќ.

Според програмата на Медитеранските игри, борбата треба да почне околу 19.30 часот.

Македонското борење веќе освои три медали на Игрите. Реџеп Хајдари и Вејсели освоија сребрени медали, а Магомедов бронзен.

Поврзани содржини