ГУЖВИ НА ПАТИШТАТА, НО НЕ И НА ГРАНИЦИТЕ Апел од АМСМ до возачите да бидат внимателни со брзината

На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања, но сообраќајот е засилен на патиштата надвор од градовите.

105

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ посочуваат дека засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна, ниту при влез ниту при излез од државата.






„На патните правци надвор од градските средини е забележан зголемен интензитет на сообраќај. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Апелираме до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата“, соопштуваат од АМСМ.

Од Сојузот особено предупредуваат на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.

Зголемено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ апелираат возачите да не ја приспособуваат брзината само според дозволениот максимум, туку и според условите на патот, сообраќајот и видливоста.

Поврзани содржини