НЕ СУМ ИСТ КАКО КУКЛАТА НА ОНИЕ ШТО ЈА УНИШТИЈА И ЈА ОГРАБИЈА МАКЕДОНИЈА Мицкоски му одговори на Филипче

За прв пат можам да се сложам со претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Христијан Мицкоски.

94

Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека не сме исти, рече денека премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Филипче дека не се исти.

–  Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ја ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.






Поврзани содржини