🎥 ДУА ЛИПА НАПОЛНИ 31 ГОДИНА Пејачката го помина роденденот со сопругот, а татко ѝ ја врати во детството со емотивни фотографии

Дуа Липа го прослави првиот роденден како мажена жена, а нејзиниот татко Дукаѓини ја разнежни со фотографии од нејзиното детство.

83

Дуа Липа го прослави 31. роденден, првиот откако се омажи за актерот Калум Тарнер. Пејачката на Инстаграм објави фотографии од роденденскиот викенд, на кои се гледа како ужива со сопругот во природа, игра кошарка и го слави својот посебен ден со барем три различни торти.

– Подготвена сум за уште една година околу сонцето. Станува сè подобро и подобро – напиша таа.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Пред роденденот, Дуа престојувала на Ибица и Форментера, каде што била фотографирана на луксузна јахта со сестра ѝ Рина и брат ѝ Џин. Така, нејзината роденденска прослава практично започнала неколку дена порано, но според фотографиите што самата ги објави, самиот роденден го поминала со сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Во меѓувреме, нејзиниот татко Дукаѓин Липа ѝ приреди посебна роденденска честитка. Тој објави фотографии од Дуа како мало девојче, а на една од најубавите таа е уште бебе додека татко ѝ седи покрај неа со гитара и ѝ свири и пее.

– Среќен роденден, Дуа! Те сакам бескрајно и неизмерно сум горд на тебе. Нека Божјата рака те чува од секое зло – напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dukagjin Lipa (@dukagjinlipa)

Дукаѓин, инаку поранешен рок-музичар, е еден од луѓето кои најмногу влијаеле врз музичкиот пат на Дуа. Таа растела слушајќи музика со него, а токму од татко ѝ ја наследила љубовта кон рокот. Денес тој е и дел од нејзиниот менаџерски тим, па нивната блискост не е само семејна, туку и професионална.

Поврзани содржини