МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ ПОРАЗЕНИ СО 32 ГОЛА РАЗЛИКА Тунис уште на полувремето водеше со 20-4

Македонија го претрпе вториот пораз на Медитеранските игри, а Тунис го реши натпреварот со убедливи 43-11.

82

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Медитеранските игри. Тунис беше убедлив и славеше со 43-11.

Македонија уште на полувремето имаше огромна негатива од 20-4. Туниските ракометарки во првиот дел направија и 2 серии од по 6-0.






Сликата не се промени ниту по паузата. Тунис го доби второто полувреме со 23-7 и стигна до конечни 43-11.

Еја Наср беше најефикасна на натпреварот со 10 гола. Кај Македонија 4 ракометарки постигнаа по 2 погодоци.

Ова е втор пораз за избраничките на Даниел Новеска на Медитеранските игри. Претходно Македонија загуби од Грција со 31-25.

 

Поврзани содржини