ЗАДАВИЛА МАЧКА СО ЈАЖЕ, КАЗНЕТА СО 30.000 ЕВРА Уапсена жена на грчкиот остров Закинтос

Сопственикот на мачката ја пријавил шеесет и тригодишната жена кај надлежните институции.

122

Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на грчкиот осторв Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција.

Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“.






Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството се непознати.

Поврзани содржини