ЈА ТУРНАЛ КОЛЕШКАТА, ПА ДОБИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Инцидент во тетовското акушерско одделение
Случајот се случил на 29 мај. Според МВР, 67-годишниот вработен агресивно се однесувал кон колешката и ја турнал.
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 29 мај 2026 година.
Пријавениот, кој бил вработен на акушерско одделение, агресивно се однесувал кон негова колешка и физички ја турнал.
Полицијата по расчистувањето на случајот поднела кривична пријава против 67-годишниот тетовец поради постоење основи на сомнение за стореното кривично дело.
За понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежните институции.