ПОЖАРНИКАРИТЕ СПАСИЈА ТЕЛЕ ОД ПОЖАРОТ НА КИТКА Директорот на ЦУК апелира на максимална внимателност

Пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето, загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија и затоа апелирам на максимална одговорност, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

0

Скопските пожарникари спасија теле од пожарот над селото Палиград, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

– Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден – изјави Али.






Во вакви моменти, секој спасен живот е важен, а меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество, додаде тој.

– За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животните – апелира директорот на ЦУК.

Поврзани содржини