НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АВГУСТ Рибите носат голема одлука, а Водолијата ја очекува неочекувана средба

Бикот ќе има можност за нова работа, Лавот влегува во важен период, а на Шкорпијата ѝ се закануваат проблеми со партнерот.

111

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Почетокот на неделата ви носи можност да завршите обврска која долго време ве оптоварува. На 25 и 26 август бидете особено внимателни во комуникацијата со претпоставените и колегите, бидејќи е можно недоразбирање. Кон крајот на периодот ќе добиете можност да поправите грешка или да започнете нов проект.

Љубов: Во партнерските односи ќе има повеќе емоции. Околу 27 август можно е да дојде до расправија поради нешто што долго време го премолчувате. Слободните Овни можат да запознаат интересна личност преку пријатели или на кратко патување.

Здравје: Внимавајте на стресот и заморот.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Пред вас е важна недела за професионалниот живот. Можно е да добиете понуда за ново работно место или да започнете разговор за промена на позицијата. Оние кои работат приватно можат да склучат нов договор. На 28 август бидете внимателни со трошоците и не преземајте финансиски ризици.

Љубов: Венера ви носи подобрување во емотивниот живот. Зафатените Бикови ќе имаат можност да го надминат недоразбирањето со партнерот, додека слободните можат да започнат врска со личност која веќе подолго време им се допаѓа.

Здравје: Внимавајте на исхраната и желудникот.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Неделата носи многу комуникација, состаноци и договори. На 25 август бидете внимателни со документацијата и не потпишувајте ништо без добро да го прочитате. Кон крајот на периодот можно е да добиете вест поврзана со пари или нова деловна можност.

Љубов: Близнаците ќе бидат поделени меѓу желбата за слобода и потребата за сигурност. Околу 28 август можно е ненадејно да се појави личност од минатото. Зафатените треба да избегнуваат љубоморни сцени.

Здравје: Нервозата може да ви создава проблеми со спиењето.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: На работното место ве очекува напорен почеток на неделата. Некој може да се обиде да ви префрли туѓа обврска или одговорност. Не влегувајте во конфликт. По 27 август ситуацијата се смирува, а можно е да добиете признание за добро завршена работа.

Љубов: Емоциите ќе бидат силни. Семејните прашања можат да влијаат врз партнерскиот однос. Слободните Ракови имаат можност за ново познанство, но ќе им треба време за да стекнат доверба.

Здравје: Зголемена чувствителност и замор.

Лав (23.7 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Влегувате во период во кој можете да направите значаен чекор напред. Можно е да добиете нова деловна понуда, признание или можност за поголема заработка. На 26 август особено внимавајте на финансиите, а кон крајот на неделата можно е да решите правно или административно прашање.

Љубов: Лавовите ги очекува важна одлука. За некои тоа ќе биде одлука за продолжување на врска, а за други дефинитивно затворање на едно емотивно поглавје. Слободните можат да доживеат силна привлечност кон нова личност.

Здравје: Внимавајте на срцето и крвниот притисок.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Ова е ваша недела и носи можност за конкретен напредок. Меркур во вашиот знак ви помага полесно да ги завршувате обврските и да ги убедите другите во вашите идеи. Можно е да добиете пари преку нов договор, дополнителна работа или странство.

Љубов: Ќе бидете почувствителни од вообичаено и ќе барате јасни одговори од партнерот. Околу 28 август можно е да дознаете нешто што ќе ја промени вашата слика за одредена личност. Слободните Девици можат да започнат интересна комуникација.

Здравје: Внимавајте на дигестивниот систем.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Финансиските прашања ќе бидат во преден план. Можно е да добиете нов договор или дополнителен приход. Оние кои планираат промена на работното место треба внимателно да ги разгледаат сите услови пред да донесат одлука.

Љубов: Партнерските односи ќе бараат повеќе внимание. На 27 и 28 август се можни расправии поради љубомора или недоверба. Слободните Ваги можат да бидат привлечени од личност која не им е типична.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: На работното место може да има интриги и скриени намери. Не откривајте ги плановите пред сите и внимавајте кому му верувате. Кон крајот на неделата ќе добиете можност да покажете дека сте биле во право.

Љубов: Венера носи заладување во односите кај дел од Шкорпиите. Финансиски проблеми можат да бидат причина за конфликт со партнерот. Слободните ќе имаат можност за страстна, но комплицирана врска.

Здравје: Внимавајте на нервниот систем и крвниот притисок.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Одлична недела за патувања, странство, образование и нови деловни контакти. Можно е да добиете позитивен одговор на нешто за што сте аплицирале. На 29 август бидете внимателни со документите и договорите.

Љубов: Слободните Стрелци можат да запознаат личност од друг град или држава. Зафатените ќе треба да најдат повеќе време за партнерот, бидејќи обврските можат да создадат дистанца.

Здравје: Внимателно во сообраќајот.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Јарците ги очекува период на зголемени одговорности. Можно е да добиете задача која првично ќе ви изгледа тешка, но ќе ви донесе признание. Финансиски, крајот на неделата е подобар од почетокот.

Љубов: Семејните обврски можат да создадат тензија во врската. На 26 и 27 август обидете се да не бидете премногу тврдоглави. За слободните е можно ново познанство преку работата.

Здравје: Зголемена подложност на на болки во грбот.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Ве очекуваат ненадејни промени. Можно е да добиете понуда која не сте ја очекувале или да се промени планот на кој сте работеле подолго време. Финансиски, 28 август може да биде особено интересен ден.

Љубов: Водолиите ги очекува изненадување. Слободните можат да доживеат неочекувана средба преку интернет, пријатели или на патување. Кај зафатените, потребата за повеќе слобода може да предизвика расправии.

Здравје: Внимателно во сообраќајоти концентрацијата.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Рибите влегуваат во период на важни пресврти. Ќе треба да донесете одлука за нешто што подолго време го одложувате. Можно е да добиете понуда поврзана со странство или нова професионална насока.

Љубов: Ова е најважната област за вас оваа недела. Крајот на август носи кулминација на емоциите и можност за голема одлука. Некои Риби ќе започнат нова врска, додека други конечно ќе стават крај на однос кој веќе долго време не ги исполнува.

Здравје: Одморете повеќе и избегнувајте преголем психички напор.

Поврзани содржини