ПОЖАРОТ ВО ИЛИНДЕН ОПАСНО СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО БЕНЗИНСКА ПУМПА! Жителите во околината да бидат внимателни
Загриженоста е дополнително зголемена бидејќи пожарот се шири низ простор со трска и сува трева, што може да придонесе за негово брзо напредување доколку условите се променат.
Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура со потенцијален ризик. Според информациите од терен, огнот е во непосредна близина на цистерните на „Макпетрол“, а во близина се наоѓа и бензинска пумпа.
Загриженоста е дополнително зголемена бидејќи пожарот се шири низ простор со трска и сува трева, што може да придонесе за негово брзо напредување доколку условите се променат.
На состојбата реагираше и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој информира дека пожарот гори претежно во трска и сува трева во и околу каналот.
„Пожар во и околу каналот кој минува покрај Арачиново во насока кон Белви. Гори претежно трска и сува трева во и околу каналот. БППЗ Скопје се на терен, имаат почетна контрола, засега нема опасност од неконтролирано ширење“, напиша Ангелов на социјалните мрежи.
Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен.
Жителите од околината се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат информациите од надлежните институции.