ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО Двајца ранети во „шкода“

Во возилото со скопски регистарски ознаки биле 34-годишен и 42-годишен маж, кои по пукањето биле пренесени во болница.

117

Двајца мажи се ранети рано утрово во оружен напад во Арачиново, откако непознато лице или лица пукале во автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки.

Пукањето било пријавено во полицијата во 5:45 часот. На улицата „18“ во Арачиново веднаш пристигнале полицајци од Полициското одделение Арачиново и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.






Во автомобилот биле 34-годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. И двајцата биле повредени во нападот, по што биле пренесени во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Полицијата работи на утврдување на околностите под кои дошло до пукањето и на откривање на сторителот или сторителите.

 

Поврзани содржини