📷 ЗАПУШТЕНИОТ ТРЕВНИК НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ СТАНУВА ЗЕЛЕНА ОАЗА Ѓорѓиевски вели дека ќе му се врати сјајот на тој дел од Скопје
Според таткото на градот, наскоро, целиот простор на овој дел од градот повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје.
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед.
– Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со што ова место ќе прерасне во мала зелена оаза која природно и совршено ќе се вклопи во изгледот на централниот градски плоштад -вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Тој објаснува дека се заменети и оштетените подни плочки на потегот кај Порта „Македонија“.
– Обновувањето на преостанатите оштетени делови продолжуваат и следната недела – вели Ѓорѓиевски.
Во меѓувреме се обновува и подната фонтана.
– Наскоро, целиот овој простор повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје. Се грижиме за секој простор и за секој детаљ, затоа што центарот на главниот град мора да биде неговото најубаво лице. Нашето Скопје заслужува! – вели Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.