ОТКРИЕНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПАКУВАЊЕ ДРОГА ВО ТЕТОВО Тројца тинејџери се фатени додека ја пакувале дрогата

Полицијата соопшти дека дрогата е пронајдена во барака- работилница која ја користел П.М.(36), а бил извршен претрес и во куќа.

1

Тетовските полицајци помогнати со полициски „тигри“ и службени кучиња вчера во Тетово открија работилница во која се пакувала дрога. На местото се фатени двајца тинејџери од по 16 години и еден помлад малолетник.

Полицијата соопшти дека дрогата е пронајдена во барака- работилница која ја користел П.М.(36), а бил извршен претрес и во куќа.






„Во работилницата се затекнати три лица – Л.С.(19) и двајца 16 – годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода“, соопшти полицијата.

Неодамна од полицијата објавија дека минатата година шест пати била откриена дрога во основните и средни училишта во Тетово и најавија ажурност во откривање на кривичните дела кај малолетниците, а од општината едукација на децата.

Поврзани содржини