НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БИТОЛА Отстранет е дефектот на пумпната станица

Целокупното водоснабдување е вратено во нормала, при што во повисоките точки на градот притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на стандардните вредности, соопшти ЈКП Водовод Битола.

101

Дефектот на пумпната станица „Довлеџик“ е успешно отстранет, информира Јавното комунално претпријатие Водовод Битола.

„Дефектот беше предизвикан од струен удар, при што, со заедничка интервенција и координација со надлежните институции, истиот беше експресно локализиран и отстранет. Целокупното водоснабдување е вратено во нормала, при што во повисоките точки на градот притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на стандардните вредности. Во текот на целиот процес беа преземени соодветни мерки за да се зачува квалитетот и безбедноста на водата и водата е безбедна за користење. Ви благодариме за трпението, разбирањето и за соработката“, соопшти ЈКП Водовод Битола.






Поврзани содржини