СМАРТ-КАМЕРИТЕ НА ЦУК НАВРЕМЕ АЛАРМИРАА ЗА ПОЖАР КАЈ НИКУШТАК Системот за рана детекција дава резултати

Веднаш се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен, информира ЦУК.

46

Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково.

Од ЦУК соопштуваат дека по детектирањето на пожарот, веднаш се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен.






– Системот за рана детекција овозможува операторите во Секторот за операции и координација при ЦУК да ја контролираат и насочуваат камерата, со што состојбата со пожарот може континуирано да се следи визуелно во реално време, истакнува директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Али додава дека на овој начин, паралелно со следењето на пожарот, се овозможува и навремена координација и насочување на расположливите ресурси на терен, како и определување на правецот на дејствување на пожарот, сè до неговото локализирање и целосно гаснење.

Поврзани содржини