АЛИ АХМЕТИ, БУЈАР ОСМАНИ ИЛИ АРТАН ГРУБИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР Кој ја води ДУИ во моментов?
ВЛЕН во соопштение оценува дека Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува.
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – оценува партијата ВЛЕН во соопштение.
„Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички багаж. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија” да се отвори и да каже кој што нарачувал, кој што потпишувал и кој на крајот го собирал кајмакот.
А Бујар? Тој зборува за сѐ и сешто, но за Артан нема ниту збор. Па добро, кој му го врзал јазикот на Бујар? До вчера заедно седеа на врвот на ДУИ и пред јавноста глумеа единство, а денес Бујар се прави дека Артан не постои.
Што знае Бујар за Артан, а не сака јавно да го каже? Чека погоден момент да проговори или молчи за да не биде и самиот вовлечен во приказната? Во ДУИ денес има муабет за сѐ, а одговор за ништо. Од што повеќе се плаши Бујар, Артан да пропее или Али да не се повлече?“ – прашува ВЛЕН.