ТУРСКИТЕ НАСТАВНИЦИ ЌЕ НОСАТ БЕЛИ МАНТИЛИ Мерката има цел да го чува достоинството на наставничката професија

Мерката има цел да го нагласи авторитетот и достоинството на наставничката професија, како и да спречи носење премногу лежерна или несоодветна облека во училиштата.

103

Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември.

Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека.






Мерката има цел да го нагласи авторитетот и достоинството на наставничката професија, како и да спречи носење премногу лежерна или несоодветна облека во училиштата.

„Вработените во образовниот сектор треба да се облекуваат на начин соодветен на достоинството и репрезентативната функција на нивната професија“, се наведува во наредбата што ја потпиша турскиот министер за национално образование Јусуф Текин.

Слична мерка Министерството предложи и во 2023 година, но тогаш учителските синдикати и стотици наставници остро реагираа на идејата, оценувајќи дека таа има „обезличувачки карактер во однос на наставниците“ и претставува „обид за ограничување на облекувањето на жените во училиштата“.

Поврзани содржини