НОВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ Ќе се прска од небо и директно на жариштата

Авионска дезинсекција ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови, додека, пак, терестична дезинсекција ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

580

Градот Скопје соопшти дека во текот на наредните денови ќе изврши авионска и терестична дезинсекција за комарци.

Авионска дезинсекција на територијата на град Скопје ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови, додека, пак, терестична дезинсекција ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.






Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Поврзани содржини