ВОЗАЧ УДРИЛ ВО 10-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ГРАДСКО И ИЗБЕГАЛ Детето е повредено

64

Возач удрил во 10-годишно дете од село Уланци, Градско и избегал, соопшти полицијата.

Околу 13 часот на улицата Александар Македонски во Градско, патничко возило удрило во детето по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.






Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.

Поврзани содржини