🎥 СЕ ВЕНЧАЛЕ ВО СВОЈАТА ДНЕВНА СОБА, СИМБОЛИЧНО, НА ДЕНОТ КОГА ПРВПАТ СЕ СРЕТНАЛЕ Првите фотографии од венчавката на Роналдо и Георгина ги објави „Вог“
- Беше токму како што си замислував - изјавила Георгина за „Vogue“, додавајќи дека церемонијата на венчавањето била интимна, полна со љубов и дека семејството ја имало најважната улога.
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез официјално станаа сопружници, и тоа на начин кој малкумина го очекуваа. Двојката се венча на 11 август во својот дом во Кашкаиш, Португалија, на интимна граѓанска церемонија на која присуствувале само тие и нивните пет деца. Првите фотографии од свадбата ексклузивно ги објави „Vogue“, откривајќи атмосфера далеку од раскошните прослави што јавноста можеше да ги очекува од еден од најпознатите парови во светот.
Церемонијата се одржала во дневната соба на нивниот дом, а изборот на датумот имал посебно значење. Токму на 11 август 2016 година, Роналдо и Георгина првпат се сретнале во продавница на „Gucci“ во Мадрид, каде што таа работела како продавачка.
– Одлучивме да го направиме тоа во дневната соба на нашата куќа, каде што појадуваме, ручаме и вечераме и каде што ја живееме нашата реалност. За 30 години, сакам децата да мислат: Нешто прекрасно се случи на оваа маса, брачните завети на нашите родители – вели Георгина во интервјуто за „Вог“.
Роналдо, типично во свој стил, веднаш се пошегувал: Веројатно нема да биде истата маса. Можеби ќе го смениме декорот.
View this post on Instagram
– Беше токму како што си замислував – изјавила Георгина за „Vogue“, додавајќи дека било интимно, полно со љубов и дека семејството ја имало најважната улога.
Особено внимание привлекоа нивните свадбени комбинации. Георгина избрала бел костум од свила со здолниште и сатенски чевли, додека младоженецот носел светлобеж памучен костум со специјално изработени мокасини. И нивните деца биле усогласени со неутрални беж и бели тонови. Интересно е што облеката била инспирирана од местото каде што започнала нивната љубовна приказна – „Gucci“, брендот во чија продавница се запознале пред една деценија.
Двојката се присети на нивната прва средба во август 2016 година кога Кристијано кој тогаш имаше 31 година и беше на врвот на својата фудбалска кариера, влегол во продавницата на Гучи со својот шестгодишен син Кристијан Џуниор.
Георгина, тогаш 22-годишна, работела како продавачка и тој ден ја менувала својата колешка.
– Тоа е судбина – вели таа.
– Јас бев свртен со грб кон неа, а потоа се свртев и ја видов. Нашите погледи се сретнаа и од тој момент беше… – почна Кристијано.
– Беше сон – додаде Георгина.
– Да, сон – потврди Кристијано, додавајќи: Знам дека таа е љубовта на мојот живот, и мислам дека сум…, односно, мислам дека и таа мисли дека сум љубовта на нејзиниот живот.
Иако нивната венчавка била интимна, тоа не значи дека целосно се откажале од голема прослава. Георгина за „Vogue“ открила дека во иднина планираат „голема свадба“ на која ќе го прослават бракот со семејството и пријателите. Но, оваа година била премногу напорна – „работни обврски, натпревари, деца“ – а не сакале да ја пропуштат 10-годишнината.
– Замоците, куќите, островите, коњите, автомобилите: сето тоа го имаме на дофат секој ден. Но нешто интимно – тоа е понеобично за нас – објаснила таа.
По граѓанската церемонија семејството отпатувало во Фатима, каде што свештеник им дал благослов во малото светилиште.
Георгина и Роналдо се родители на Алана Мартина и на Бела Есмералда, а заедно се грижат и за трите деца на фудбалерот – Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео. Во 2022 година семејството доживеа трагична загуба кога нивниот син близнак почина при породувањето. И покрај огромната болка, Роналдо и Георгина продолжија да го градат своето семејство, а нивната поврзаност со текот на годините стануваше сè посилна.
Иако интимната церемонија во Португалија веќе е зад нив, свадбената приказна очигледно нема да заврши тука. Според информациите што ги споделија, двојката планира и поголема прослава со семејството и пријателите во иднина. Засега, сепак, најважниот чекор го направија во својот дом, со своите деца покрај нив – токму онака како што сакале.