ДАРИО ИВАНОВСКИ НА 46 МЕСТО ВО БИРМИНГЕМ Имаше добар почеток на трката, но заостана

34

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време 2:22.39 часа и имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија.

Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20 километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак успеа да се врати во „ритам“ и да го подобри својот пласман. На половина од патеката (полумаратон) Ивановски имаше време 1:09.28 час.






Трката ја завршија 52 маратонци, седум се откажаа, додека еден не стартуваше.

Поврзани содржини