БЕЗ ДОЗВОЛА, ПИЈАНИ И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Од слобода се лишени 12 возачи, меѓу нив и малолетник
Седуммина возеле без возачка дозвола, четворица биле под дејство на алкохол, а двајца го прекршиле активниот налог за забрана за управување.
Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека седум од приведените возачи управувале без возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник.
Уште еден возач бил фатен под дејство на алкохол, додека дополнително биле лишени од слобода уште тројца возачи кои управувале возило во алкохолизирана состојба.
Полицијата привела и двајца возачи кои управувале возило иако имале активна забрана за управување.
По целосното документирање на случаите, МВР најавува дека против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, под дејство на алкохол или додека им трае забраната за управување.
„Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот“, порачаа од МВР.