НОВИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ТВРДЕЊА ОД МОСКВА Русија вели дека зазела 19 населени места во југоисточна Украина

Руското Министерство за одбрана не ги објави имињата на сите населени места за кои тврди дека се под руска контрола, додека Киев известува за враќање на 745 квадратни километри територија.

46

Руските сили зазедоа 19 населени места во Днепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната офанзива – соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше сите заземени населени места. Одделно, руската армија соопшти дека неодамна ја презела контролата врз местото Рибалское во Запорошката област.






Руското напредување на копнениот фронт годинава е забавено, иако Москва симултано ги интензивираше нападите со балистички ракети врз Киев и други украински градови.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека украинските сили годинава вратиле под своја контрола 745 квадратни километри окупирана територија долж југоисточниот фронт.

Веродостојноста на извештаите од бојното поле засега не може независно да се потврди.

Поврзани содржини