📽️ ЅВЕЗДАТА НА ГАЛАТАСАРАЈ САКА ДА ПОБЕГНЕ ОД ТУРЦИЈА Зад неговата одлука се крие приказна како од психолошки трилер

Човекот кој претходно го нападна фудбалерот на „Галатасарај“ повторно се појавил по излегувањето од затвор. Овојпат наводно го нападнал неговиот возач и испратил заканувачка порака до уругвајската ѕвезда.

129

Лукас Тореира побарал од својот агент да му најде клуб надвор од Турција по нов инцидент со човек кој претходно го нападна. Фудбалерот на Галатасарај стравува за својата безбедност и за луѓето околу него, објавуваат медиумите.

Случајот почна во мај. Триесет и двегодишен маж го следел Тореира преку социјалните мрежи, дошол до местото каде што бил фудбалерот и го удрил во лице. Полицијата го фатила додека се обидувал да замине со такси, а потоа бил притворен. Против него претходно имало и мерка за забрана за приближување.






Тореира подоцна тврдеше дека напаѓачот бил опседнат со жена од неговото опкружување и дека дошол со намера да го убие. Турските медиуми претходно објавија и информации за заканувачки пораки поврзани со фудбалерот и со неговото приватно опкружување.

 

Сега приказната добила ново продолжение. Според најновите медиумски извештаи, по излегувањето од затвор истиот човек повторно се појавил и наводно му се заканувал на возачот на Тореира.

„Тука сум да го завршам она што го започнав“, гласела заканата, според објавените информации.

Токму новиот инцидент наводно бил пресуден Тореира да побара заминување од Турција. Засега нема потврда дека трансфер е договорен. Турските власти повторно трагаат по осомничениот, според последните извештаи.

Триесетгодишниот Уругваец настапува за Галатасарај од 2022 година. Претходно играше за Арсенал, Атлетико Мадрид и за Фиорентина.

Поврзани содржини