ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ, СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ПРВ ЈА ПРОБА На гостиварци им се препорачува прво да ја истечат водата од чешмите
Стојанче Ангелов на крајот од прес конференцијата ги покани новинарите да посведочат како целиот тим ќе се напие вода од чешма за да докаже дека таа е навистина безбедна за пиење.
Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.
– Последните добиени резултати покажуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење – изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На гостиварци им се препорачува прво да ја истечат водата кога ќе ја пуштат од чешма, а потоа можат да ја користат.
Најавено е дека ќе се прават 3 мерања за квалитето на водата во Гостивар неделно.
Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи.
Стојанче Ангелов на крајот од прес конференцијата ги покани новинарите да посведочат како целиот тим ќе се напие вода од чешма за да докаже дека таа е навистина безбедна за пиење.
– Сега ќе излезаме надвор и сите ќе се напиеме по една чаша вода – рче Ангелов.