МАЛОЛЕТНИК СО ЧЕТИРИЦИКЛ УЧЕСТВУВАЛ ВО СООБРАЌАЈКА ПА ИЗБЕГАЛ Мајката следниот ден го донела возилото во полиција

Мајката пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син учествувал во незгодата, а потоа го донела четирициклот во полициска станица.

180

Малолетник управувајќи четирицикл учествувал во сообраќајна несреќа, по што избегал. Еден ден подоцна неговата мајка во полициска станица го донела четирициклот.

– На 13.08.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, В.С.(41) од с.Дебреше пријавила дека на 12.08.2026 нејзиното малолетно дете, управувајќи четирицикл без возачка дозвола, учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило на патот Гостивар–с.Градец и напуштило местото, по што таа во полициска станица го донела четирициклот – информираат од СВР Тетово.






По насоки на Јавен обвинител, четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини