5 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ДВАЈЦА ФАРМАЦЕВТИ ВРАБОТЕНИ НА ОНКОЛОГИЈА Кадровска надградба за поуспешен третман на пациентите

653

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната страница на Фејсбук.

Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во функција на обезбедување континуирана, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.






ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија останува цврсто посветена на јакнење на човечките ресурси, унапредување на здравствените услуги и одржување на високи професионални стандарди во третманот и грижата за пациентите, се наведува во објавата.

Поврзани содржини