КУЌИТЕ ВО ЛОЗНАНИ ВЕЌЕ НЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ Бројните жаришта во Битолско е можно да се подметнати

Опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка со огнот. Пожарот сега е активен кон Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Пожарникарите се сомневаат дека повеќето жаришта во регионот биле намерно предизвикани.

286

Куќите во Лознани повеќе не се загрозени, информираше доцна вечерва првиот човек на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов во придружба на првиот човек на битолскте пожарникари Христијан Тодоровски.

Ангелов информира дека денеска, четврток, 13 август, во Пелагонискиот реагион имаше повеќе сериозни пожари со долга линија на фронтот.






Ангелов и командирот на битолските пожарникари се сомневаат дека се работи за подметнати пожари.

– Се сомневаме дека пожарите биле подметнати бидејќи се движеа од разни страни како намерно за да не може да стигнат службите. Јас немам спиено 24 часа. Им благодарам на пинцгауерите од Дирекцијата за заштита и спасување – вели Тодоровски.

Фото: ДЗС

Во Лознани буквално за малку ќе изгореа повеќе куќи, но со храбра интервренција на битолските пожарникари заедно со тимови на ДЗС и доброволци беше избегната катастрофа.

Командирот на битолските пожарникари раскажува за големиот број жаришта со кои службите се справувале:

– Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот.

Поврзани содржини