УШТЕ ЕДЕН НЕСТАБИЛЕН ДЕН, ПА СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО В петок можен град, за викендот стабилно и топло
В петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.
Времето во петок, 14 август, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.
Температурата ќе опадне за неколку степени и ќе биде во интервал од 13 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.