ТАА ДОГОВАРАЛА СЕКС, ТОЈ ПОМАГАЛ ДА ГИ ОГРАБУВААТ ЖРТВИТЕ Партнери од Романија добија по 17 години затвор

Адина Михај договарала средби со мажи во нивните домови, каде што жртвите биле дрогирани со супстанција ставена во вино. Нејзиниот партнер потоа учествувал во пребарувањето и во ограбувањето на домовите.

72

Сексуална средба договорена преку интернет била мамката во шемата поради која двајца мажи во Велика Британија го загубиле животот.

Романците Адина Михај и Мадалин Думитру сега се осудени на по 17 години затвор.






Михај, на возраст од 31 година, преку интернет се претставувала како сексуална работничка. Така договарала средби во домовите на мажите. Нејзиниот 30-годишен партнер ѝ помагал во организирањето на шемата.

Виното било дел од стапицата

Според случајот презентиран пред судот, четворица мажи биле дрогирани со гама-бутиролактон, ГБЛ. Супстанцијата била ставана во виното што го пиеле.

Целта била жртвите да паднат во длабока несвест. Потоа нивните домови биле пребарувани и ограбувани.

Но, дозата не била фиксна.

Судијката при изрекувањето на пресудата навела дека количината варирала. Со тоа жртвите биле изложени на сериозен ризик од тешки повреди или од смрт.

Ја признале вината

Осумдесетгодишниот Малколм Кинг и 37-годишниот Гери Моуат починале. Двојката признала вина за убиство од небрежност.

Михај и Думитру признале и уште два случаи на дрогирање кои не завршиле со смрт.

Полицијата ги поврзала случаите откако било утврдено дека Моуат бил отруен. Понатамошната истрага покажала поврзаност на истата шема и со претходната смрт на Кинг.

Истражителите се сомневаат дека можеби постојат и други жртви. Полицијата ги повикала луѓето кои имале слична средба со Михај да се пријават.

Поврзани содржини