📽️ ОГНОТ СЕ ДОБЛИЖИ ДО ПРВИТЕ КУЌИ ВО ЛОЗНАНИ Битолските пожарникари спречија катастрофа, на пат се пинцгауерите

Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува, изјави првиот човек на Дирекцијата за спасување велејќи дека на пат кон селото се 4 пинцгауери.

72

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува.

– Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува – рече Ангелов.






Тој вели дека се чека не 4 летала пинцгауери на ДЗС.

Додаде дека Дирекцијата ги активира тимовите за брз одговор бидејќи линијата на пожарот е долга неколку километри.

Поврзани содржини