ДОСЕГА 13 ЛИЦА БИЛЕ ПОВИКАНИ ЗА ШИРЕЊЕ ПАНИКА ЗА СКОПСКАТА ВОДА Сите кажале дека информацијата ја виделе или ја слушнале од друг

Никој од повиканите не посочил конкретен и веродостоен извор за тврдењата дека водата во Скопје е загадена, вели МВР. Министерството сега истражува од каде тргнала информацијата и како се ширела на интернет.

690

Секторот за компјутерски криминал и форензика повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.






Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата“, се вели во соопштението.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика најави дека ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

Поврзани содржини