ДУИ 2 ГОДИНИ МОЛЧЕШЕ ЗА ГРУБИ, СЕГА БАРА НАДЗОР Партијата на Ахмети ги користи своите луѓе како топовско месо

ВРЕДИ прашува зошто опозициската ДУИ молчела за случајот со својот член и поранешен функционер Артан Груби, велејќи дека е лицемерно сега, откако Обвинителството поднело обвинение да се бара меѓународен надзор.

0

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, реагира партијата ВРЕДИ во соопштение.

„Зошто молчеа досега?






Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и да им го споменат името.

Правда ќе има за сите. И за оние кои две децении ја злоупотребуваа власта и државните функции за да си ги полнат сопствените џебови.

Списокот на афери и обвиненија поврзани со функционери на ДУИ е толку долг, што дури и нашиот стратешки партнер, САД, јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и презеде конкретни мерки против фигури од оваа партија.

Затоа, ДУИ треба да разбере едно: законот не признава партиски фотелји, привилегии и политички штитови. Правдата ќе биде еднаква за сите“, вели ВРЕДИ.

Поврзани содржини