СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО РЕАНИМИРААТ, НО БИЛО ПРЕДОЦНА Турист од Грузија се удавил кај Пештани

46-годишниот Б.Д. бил извлечен од водите кај Пештани, по што екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира. На телото немало видливи повреди, а причината за смртта ќе ја утврдува обдукцијата.

242

46-годишен турист од Грузија вчера починал во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информира СВР Охрид.

Случајот бил пријавен во полицијата околу 14:32 часот, кога било известено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице.






На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира мажот. Сепак, и покрај укажаната помош, лекарите набргу констатирале смрт.

Според првичните информации, на телото немало видливи повреди.

По извршениот увид било утврдено дека се работи за Б.Д. (46) од Грузија.

На местото извршила увид екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Поврзани содржини