ЃУРЕТАНОВИЌ ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ НА МАЛЕНКО ОД ПРЕД 30 ГОДИНИ Нов државен рекорд во 200 метри слободно
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап.
Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген.
Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава.
Македонскиот пливач во својата група го освои 6. место од 10 пливачи и е вкупно 70-ти од 87 пливачи.
Ѓуретановиќ в недела ќе плива на трката 400 метри слободно.