РИБАКИНА И ШВЈОНТЕК ВО ФИНАЛЕТО ВО ТОРОНТО Ќе настане ли промена во врвот на женската ранг листа?

Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,4 милиони долари.

31

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто.

Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2.






Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки.

Во финалето, Рибакина ќе се соочи со Ига Швјонтек од Полска, која ја победи Украинката Елина Свитолина со 6:3, 1:6 и 6:3 во полуфиналето.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,4 милиони долари.

Поврзани содржини