АЛЕСАНДРА АМБРОСИО СЕ СВРШИ СО БАК ПАЛМЕР Австралискиот дизајнер ѝ приредил на манекенката романтично запросување на плажа
Супермоделот ја објави среќната вест со фотографии и видео од романтичното запросување кога идниот сопруг клекнал во срце направено од црвени тропски цветови.
Алесандра Амбросио (45) се сврши со австралискиот дизајнер Бак Палмер (44) после речиси двегодишна врска. Бразилската манекенка ја објави среќната вест на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии и видео од романтичното запросување на нејзиниот партнер Бак Палмер. На снимките се гледа како австралискиот дизајнер клекнува покрај морето, во срце обликувано од црвени тропски цветови и ѝ го дава прстенот, додека таа со возбуда го прифаќа.
Запросувањето се случило во април годинава во луксузниот ресорт NIHI Sumba во Индонезија, но парот ја чувал веста за себе неколку месеци. Јавноста дозна сега кога Амбросио објави серија фотографии од романтичниот момент.
– Би те избрала во овој живот и во секој живот. Еве нè засекогаш, љубов моја – напиша таа покрај објавата.
Врската меѓу Амбросио и Палмер стана јавна во декември 2024 година, а во изминатите речиси две години често споделуваа фотографии од заедничките патувања и романтични моменти. Во јануари 2025 година дури отворија и заеднички профил на Инстаграм, на кој објавуваат фотографии од своите авантури низ светот. Парот има и соодветни тетоважи во форма на срце на зглобовите.
View this post on Instagram
Палмер, кој има 44 години, е австралиски дизајнер на накит и поранешен модел, а денес работи и на сопствен бренд за машки додатоци. Тој претходно бил во брак со манекенката Ешли Харт. Амбросио, пак, има две деца – ќерката Ања и синот Ноа – од долгогодишната врска со бизнисменот Џејми Мазур, со кого претходно била свршена, но никогаш не стапила во брак.
За поранешниот ангел на „Victoria’s Secret“, ова е значаен пресврт. Амбросио на модните писти на брендот се појавуваше од 2000 до 2017 година и беше првиот заштитен лик на линијата „PINK“. Иако со години е една од најпрепознатливите манекенки во светот, во последниот период поголем дел од вниманието го привлекува со својот приватен живот и со врската со Палмер.
Веста за свршувачката веднаш предизвика бројни честитки од фановите, но и од познати личности и колешки од модниот свет, меѓу кои Жасмин Тукс, Лили Олдриџ и Хајди Клум. Така, по романтичниот почеток на нивната приказна и бројните заеднички патувања, двајцата сега се подготвуваат за следниот чекор – свадбата. Засега не откриваат кога и каде ќе се одржи церемонијата.