СО СУПА ОД КУЧЕШКО МЕСО ПРОТИВ ЖЕШТИНИТЕ Северна Кореја препорачува контроверзен лек за справување со високите теператури

Во период кога Корејскиот полуостров е погоден од голем топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините

33

Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ.

Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во земјата се води евиденција за временските прилики.






Покрај низата тропски ноќи, државните медиуми посветија необично големо внимание на најтоплите недели во годината, локално познати како „самбок“ или кучешки летни денови, пренесе Хина.

Меѓу повпечатливите препораки е супата од кучешко месо, која го одразува традиционалното верување дека им помага на луѓето да ги издржат летните жештини.

Во текст за здравје објавен на 2 август, весникот на владејачката партија „Родонг Синмун“ цитира лекар од општата болница во Пјонгјанг кој препорачува освежителна храна како лубеница, краставици и мунго грав, како и „хранлива храна“ што вклучува супа од кучешко месо, рибина каша и каша од црвен грав.

Весникот посвети посебен текст на супата од кучешко месо, опишувајќи ја како традиционално летно јадење и оживувајќи ја старата изрека дека „дури и ако супата од кучешко месо се истури врз горниот дел од стапалото за време на кучешките летни денови, таа станува лек“.

Поврзани содржини