„ЖЕНАТА СО НАЈДОБРОТО ТЕЛО НА СВЕТОТ“ УЖИВА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ БРЕГ Кели Брук и нејзиниот сопруг ја слават четвртата годишнина од бракот

Британската манекенка Кели Брук и нејзиниот сопруг Џереми Париси уживаат во Италија, каде што ја прославија четвртата годишнина од бракот и повторно ги посетија местата што имаат посебно значење за нивната љубовна приказна.

145

Манекенката Кели Брук со својот сопруг Џереми Париси одмора во неговата родна Италија, а детали од патувањето редовно споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Брук, која често ја нарекуваат жена со совршено тело, објави серија фотографии од Амалфискиот брег.

На една од фотографиите позира во морето облечена во дводелен костим за капење со цветен дезен, а фотографиите ги направил нејзиниот сопруг. Двојката на Инстаграм-профилот на нивниот бренд Home of Parisi сподели и видео од патувањето, на кое се гледаат семејни дружења, возење со брод, уживање во локалната храна и разгледување знаменитости.






Прослава на годишнината во Чивитавекија

Џереми и Кели ја прославија и четвртата годишнина од бракот. По тој повод ја посетија Чивитавекија, гратче во близина на Рим каде што се венчале. Инаку, двојката е заедно веќе 11 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HomeofParisi (@homeofparisi)

Брук и Париси се венчаа во 2022 година. Заедно работеа на мини-серијата „La Vita Italiana“, која го следеше приспособувањето на Кели на животот во семејниот дом на нејзиниот сопруг во Италија.

Нивната врска започнала откако манекенката му испратила порака на Инстаграм, а ги зближила заедничката љубов кон боречките вештини и вежбањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Сопственичка на „најдоброто тело на светот“

Кели Брук со години ја носи титулата жена со „најдоброто тело на светот“. Во 2016 година, според студија на истражувачи од Универзитетот во Тексас, британската манекенка и актерка била прогласена за жена со идеални пропорции, додека магазинот FHM ја избрал за најсекси жена на светот.

Во студијата биле земени предвид висината, тежината, должината на косата и обликот на лицето. Авторите тогаш изјавиле: Оваа жена е целосно природна и научно совршена.

Истражувањето наведувало дека идеален се смета индекс на телесна маса (BMI) од 18,85 со мерки 93-61-87 сантиметри. Според тогашните податоци, Кели Брук била висока 168 сантиметри и имала мерки 99-63-91, што ја правело најблиска до тие параметри. Дополнителен аргумент во нејзина корист, според авторите на студијата, бил и фактот што не правела естетски операции.

Поврзани содржини