ЗЕНДАЈА И ТОМ ХОЛАНД ПОТРОШИЛЕ ПОЛОВИНА МИЛИОН ФУНТИ ЗА СВАДБЕНА ПРОСЛАВА Парот првпат се венчаше во тајност претходно оваа година

Холивудскиот пар неделава ја прославил својата венчавката со пријателите и најблиските членови на семејството далеку од очите на јавноста на луксузен имот во Британија.

54

Холивудските ѕвезди Зендаја и Том Холанд повторно успеаја да ја зачуваат својата приватност. Неколку месеци по нивната тајна венчавка, тие организирале ексклузивна свадбена прослава вредна околу 500.000 фунти во луксузниот хотелски комплекс Beaverbrook во Сари, Англија. Настанот бил организиран на 4 август и на него присуствувале само најблиските роднини и пријатели, додека сите гости морале да ги остават мобилните телефони за да не протечат фотографии или видеа во јавноста.

Имотот, сместен во англиската провинција недалеку од родниот крај на Том Холанд, бил резервиран исклучиво за нивната прослава. Според британските медиуми, младенците го изнајмиле целиот комплекс, кој располага со десетици луксузни соби, спа-центар, ресторани и огромен парк. Прославата била инспирирана од природата, со цветни аранжмани од диво цвеќе и елегантна, но ненаметлива декорација.






Иако со месеци кружеа шпекулации дека веќе се венчале, двојката долго време не ја потврдуваше информацијата. Првично, модниот стилист на Зендаја, Ло Роуч, откри дека свадбата „веќе се случила“, а подоцна и самиот Том Холанд индиректно ја потврди веста во интервју за Esquire, кога објасни дека неговите најблиски не биле измамени од лажните фотографии создадени со вештачка интелигенција, бидејќи „сите биле таму“ на вистинската свадба.

Во текот на изминатите месеци Зендаја беше фотографирана со едноставна бурма, што дополнително ги засили сомнежите дека двојката веќе стапила во брак. И покрај огромниот интерес на јавноста, двајцата останаа доследни на својата одлука љубовниот живот да го држат подалеку од медиумите. Во повеќе наврати изјавија дека токму приватноста им помага нивната врска да остане стабилна и нормална и покрај светската слава.

Зендаја и Том Холанд се запознаа во 2016 година за време на снимањето на филмот „Spider-Man: Homecoming“, а нивната романса стана јавна во 2021 година. Во јануари 2025 година актерката го привлече вниманието со веренички прстен, а годинава конечно беше потврдено дека тие веќе се сопружници. Во меѓувреме, двајцата продолжија да бележат големи успеси во кариерата со филмовите „Spider-Man: Brand New Day“ и „The Odyssey“.

Иако свадбената прослава чинела огромна сума, извори блиски до двојката велат дека атмосферата била интимна, без помпезност и без холивудски спектакл.

Поврзани содржини