📽️ БЕЗ СПИЕЊЕ ПЛИВАШЕ 56 ЧАСА И МИНА 160 КИЛОМЕТРИ Полски пливач испиша историја во Балтичкото Море

Полскиот пливач Бартломеј Кубковски исплива повеќе од 160 километри без сон и стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска.

44

Полскиот пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што успеал да го преплива Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска, совладувајќи повеќе од 160 километри непрекинато.

Исцрпениот Кубковски во неделата навечер излегол на плажа во градот Џивнув, на северниот брег на Полска, околу 56 часа откако во петокот тргнал од шведскиот град Касеберга.






За време на целиот подвиг не спиел. Го придружувал помошен брод кој му обезбедувал храна и пијалаци, но според правилата не смеел во ниту еден момент да го допре пловилото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PURELY ATHLETICS (@purelyathletics)

Рутата долга околу 160 километри е многу блиску до светскиот рекорд за најдолго непрекинато пливање на отворени води без помош, кој во 2017 година го постави Американката Сара Томас, испливувајќи 168,3 километри на езерото Шамплејн, меѓу американските сојузни држави Њујорк и Вермонт.

Кубковски се обидувал да го преплива Балтичкото Море уште од 2022 година, а секоја година бил сè поблиску до целта. Минатата година стигнал на само 11 километри од полскиот брег, но поради целосна исцрпеност и влошување на временските услови бил принуден да се откаже.

Сепак, истата година поставил светски рекорд за најдолго испливано растојание во базен за 24 часа, откако успеал да исплива 103,6 километри.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PURELY ATHLETICS (@purelyathletics)

Во меѓувреме, уште една полска пливачка, Каролина Шчепањак, се обидува да го преплива Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска, но по поинаква рута. Во моментот на објавување на информацијата таа имала испливано околу 110 од вкупно 172 километри, а за хуманитарни цели собрала речиси 400.000 злоти.

Поранешната олимписка пливачка и минатата година се обиде да го направи истиот подвиг, но по 57 часа мораше да се откаже поради лошите временски услови.

И покрај тоа, тогаш исплива 146,7 километри, поставувајќи рекорд за најдолга делница што жена ја испливала во Балтичкото Море, како и полски рекорд во маратонско пливање на отворени води во женска конкуренција.

Поврзани содржини