🎥 СЕВЕРИНА СО НОВА ЕМОТИВНА ПЕСНА И НЕОБИЧЕН МУЗИЧКИ ПРОЕКТ Напред раскошно деколте, назад уште поголем шок

Северина ја претстави новата песна „Нисам крива ја“ (Bezosjećajna), со која започнува музичка трилогија и ѝ носи на публиката една од своите најинтимни музички приказни во последните години.

314

Северина го објави видеоспотот за новата песна „Нисам крива ја“, која го носи и поднасловот „Bezosjećajna“. Станува збор за една од нејзините најлични и најемотивни песни во последните години, во која зборува за емоционалните лузни, разочарувањата и моментот кога човек повеќе не знае дали се штити себеси или бега од сопствените чувства.

Интересно е што песната за малку немало ни да биде снимена. Северина неодамна откри дека одлуката за снимање била донесена во последен момент, неколку дена пред веќе планираните снимања за други песни. Спонтаната идеја брзо прераснала во многу поголем проект кој сега го претставува пред публиката.






Новата нумера не е само уште еден сингл во нејзината кариера, туку прв дел од музичка трилогија што Северина ја најавува како заокружена уметничка приказна.

По „Bezosjećajna“, во наредните денови ќе следуваат и песните „Pozovi me ti“ и „Svirajte mi ‘Rađaj sinove’“ – кои ги носат дополнителните називи „Anksiozna“ и „Savršena“. Трите песни претставуваат три различни емотивни состојби и три лица на една жена.

Особено внимание привлекува и видеоспотот, кој според авторите е замислен како самостојно уметничко дело. Режијата ја потпишува Петар Пашиќ, долгогодишен соработник на Северина, а визуелната приказна е исполнета со симболика, драматични сцени и внимателно осмислени детали. Спотот повеќе наликува на краток филм отколку на класично музичко видео.

За песната музиката ја напишал Бојан Васиќ, текстот е на Даниел Павловиќ, а аранжманот го потпишува Иван Попескиќ. Северина изјави дека стиховите многу ја опишуваат нејзината животна приказна, па низ смеа порача:

– Како што вели песната – не сум виновна јас, по сите прашања. Ова е емотивна поп-рок песна. Мама (се смее) ми соши фустан за на суд, но (за среќа) немам повеќе судови, но еве, нека го видат (фустанот).

Поврзани содржини