🎥 ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРАНЦУСКИ ДИЏЕЈ КАВИНСКИ Авторот на култниот хит „Најткол“ е пронајден мртов во својот дом во Париз

Се прослави со култниот хит „Nightcall“ и со неговиот настап на церемонијата на затворањето на Олимписките игри, а веста за неговата смрт ги шокираше фановите ширум светот. Имаше 50 години

75

Францускиот диџеј и музички продуцент Кавински, чие вистинско име е Венсан Белорже, почина на 50-годишна возраст.

Неговото безживотно тело било пронајдено во вторникот вечерта во неговиот дом во Париз, потврдило тамошното обвинителство, пренесуваат светските медиуми.






Властите веднаш отвориле истрага за да ја утврдат точната причина за смртта.

Според првичните информации, на местото не биле пронајдени траги што би укажувале на насилна смрт или сомнителни околности, но конечните одговори се очекуваат по обдукцијата и завршувањето на истрагата.

Музичарот, роден како Венсан Белорже, светска слава стекна со песната „Најткол“ од 2010 година, која беше дел од саундтракот на филмот „Драјв“ (2011), во режија на Николас Виндинг Рефн, со Рајан Гослинг во главната улога.

Песната доживеа нова популарност кога Кавински ја изведе на церемонијата на затворањето на Олимписките игри заедно со белгиската пејачка Анжел.

Родениот парижанец беше една од клучните фигури на француската електронска сцена, позната како „French Touch“, заедно со музичари како Дафт Панк.

Неговата поврзаност со филмската индустрија започна уште пред успехот на „Драјв“, благодарение на долгогодишното пријателство и соработка со музичарот, диџеј и режисер Квентин Дипје.

Во филмот „Стек“ од 2007 година, покрај тоа што беше искористена неговата музика, Кавински се појави и како актер.

Неодамна имаше улога и во францускиот филм „Бангер“ на Нетфликс, во кој настапува и Венсан Касел.

Во текот на кариерата објави два студиски албума.

Неговиот деби-албум „АутРан“ беше објавен во 2013 година и стана едно од најзначајните изданија во електронската музика на таа деценија.

Девет години подоцна следуваше и албумот „Риборн“.

Токму „Најткол“, неговиот најголем хит, се најде на албумот „АутРан“, чиј звук беше инспириран од видеоигрите од осумдесеттите години, полициските серии како „Мајами Вајс“ и филмовите на италијанскиот режисер Дарио Арџенто.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAVINSKY✨ (@kavinsky)

Поврзани содржини