СЕ ОМАЖИ ВНУКАТА НА ЏУЛИЈА РОБЕРТС Интимна свадбена церемонија на Ема Робертс и Коди Џон со некои од најпознатите холивудски имиња

Ќерката на најстариот брат на Џулија Робертс, актерот Ерик Робертс се омажи за својот вереник Коди Џон на нивниот имот во Ајдахо по тригодишна врска.

72

По речиси две години љубов и едногодишна веридба, американската актерка Ема Робертс (35) го кажа судбоносното „да“ и се омажи за актерот Коди Џон (29). Нивната интимна свадбена церемонија се одржала на 25 јули, во приватна резиденција во Ајдахо.

Една недела пред свадбата, актерката ја покажа последната проба на венчаницата за американското издание на списанието „Вог“, откривајќи како е создадена нејзината венчаница од соништата.






За својот голем ден, Ема избрала уникатна креација од познатата дизајнерка Моник Лулие, а нејзините долгогодишни стилисти и деверуши, сестрите Брит и Кара Елкин, учествувале во процесот на неговото создавање. Последното прилагодување на фустанот во салонот на дизајнерот во Лос Анџелес се претвори во вистински семеен собир.

Според објавеното видео, на пробата со Ема биле мајката Кели Канингем, сестрата Грејс Никелс, братучедките Шарлот Лонг и Дафне Меримен, како и блиските пријателки Али Гаспаријан и Лили Кершо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

– Навистина не знаев што сакам, освен тоа дека фустанот мора да има винтиџ елементи – изјави Ема за Vogue. Таа не сакала да носи класичен снежно-бел фустан, туку соработувала со дизајнерот за да смисли посебна нијанса на ткаенина со ефект на малку пожолтена чипка.

– Сакав да изгледам како дух, старомоден куклен дух – се пошегува актерката.
Нејзините стилисти нагласија дека соработката со Моник била сосема природна и креативна и меѓу нив постоела посебна креативна врска уште од самиот почеток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

На свадбената церемонија меѓу гостите била и нејзината позната тетка Џулија Робертс и нејзиниот сопруг Дени Модер, а со оглед на тоа што е Ема ќерка на актерот Ерик Робертс, не е изненадување што оваа семејна прослава ги собрала на едно место некои од најпознатите холивудски имиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Roberts (@emmaroberts)

Ема Робертс и Коди Џон се верија во јули 2024 година. Двојката првпат јавно ја потврди својата врска во август 2022 година, кога Коди сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм, а неколку месеци подоцна самата Ема објави новогодишна фотографија од нив, официјално претставувајќи им ја нивната врска на следбениците.

Пред да го запознае Коди Џон, таа беше во врска со актерот Гарет Хедлунд, со кого го доби синот, Роудс Роберт Хедлунд, во декември 2020 година.

Поврзани содржини