ВО ТУЃО ИМЕ ПОДИГАЛ НАДОМЕСТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ Биле договорени со корисникот да се пријавува наместо него

Делчевчанецот Б.К., бил должен лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена, но го поттикнал Ј.К. да го пријавува и на тој начин се стекнал со имотна корист од 37.768 денари.

370

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од село Саса, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

На 08.05.2026 во канцеларија на подрачната единица на Агенција за вработување во Македонска Каменица, првопријавениот Ј.К. се претставил како Б.К. и во негово име приложил контролен картон за редовно пријавување на невработени лица.






Имено, по преземени мерки било утврдено дека Б.К., кој бил корисник на паричен надомест за период од 01.02.2026 до 05.06.2026 од АВРСМ и бил должен лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена, го поттикнал Ј.К. да го пријавува и на тој начин се стекнал со имотна корист од 37.768 денари.

Поврзани содржини