ДАЛИ ДА ГО ГЛЕДАШ ФУДБАЛОТ, ДАЛИ ДЕКОЛТЕТО? Софија Вергара и нејзиното момче го следеа натпреварот Шпанија-Аргентина

Ѕвездата на „Модерно семејство“ беше меѓу славните гости на финалето во Њу Џерси, а нејзиниот моден избор веднаш стана тема на социјалните мрежи.

652

Холивудската ѕвезда Софија Вергара беше меѓу бројните познати личности кои во живо го следеа финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Телевизиските камери за време на преносот уловија многу славни лица кои уживаа во фудбалскиот спектакл, меѓу кои Џеј-Зи и Бијонсе, Ријана, Дрејк, Серена Вилијамс, Дејвид Бекам, Мет Дејмон и многу други.






Со кого го следела натпреварот откри самата Вергара на својот профил на Инстаграм, каде што сподели серија фотографии и видеа од настанот што заврши со победа на Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

За жешкиот летен ден во Њу Џерси, темпераментната Колумбијка избра едноставна, но впечатлива комбинација – кафеав топ со длабоко деколте, фармерки и бели патики.

Токму овој стајлинг привлече големо внимание на социјалните мрежи и во бројни медиуми, каде што модните коментатори го оценија како смел, опуштен и совршено прилагоден за летен спортски настан.

На една од фотографиите, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ позираше со своето момче Даглас Чабот, додека на други фотографии беше во друштво на својот 34-годишен син Маноло Гонзалез Вергара и пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Софија претходно беше забележана и на натпреварот меѓу САД и Парагвај во Лос Анџелес, каде што исто така од трибините го следеше фудбалскиот спектакл.

Поврзани содржини