КОБНА СЕЧА НА ДРВА КАЈ ПЕХЧЕВО Животот го загуби 58-годишник, обвинител нареди обдукција

Несреќата се случила во близина на селото Панчарево, а мажот починал додека бил пренесуван кон болница.

469

Педесет и осумгодишен маж го загуби животот откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во близина на пехчевското село Панчарево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, на 17 јули 2026 година, во 18:42 часот, во СВР Штип од Итната медицинска помош – Пехчево било пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик за интервенција во близина на селото Панчарево.






Како што информира МВР, 58-годишниот Ј.Ѓ. се повредил при сеча на дрва, каде што бил заедно со својот син.

И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, мажот починал на пат кон здравствената установа.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини