ЗИДАН СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА СЦЕНА Легендата од 1 септември ќе ја преземе Франција

Легендарниот Французин ќе го наследи Дидие Дешан, а ќе ја предводи репрезентацијата на ЕП 2028 и СП 2030.

45

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, од 1 септември и официјално ќе стане нов селектор на француската фудбалска репрезентација, објави францускиот весник „Л’Екип“.

Според информациите, токму 1 септември е одреден како датум за потпишување на договорите меѓу Зидан и неговиот тренерски штаб, согласно документите што веќе биле разменети меѓу двете страни.






Претходно француските медиуми објавија дека Зидан и Фудбалската федерација на Франција планирале да потпишат четиригодишен договор, со кој легендарниот стратег ќе ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година.

Зидан на селекторската функција ќе го наследи Дидие Дешан, кој по повеќе од една деценија ја завршува својата успешна ера на клупата на „триколорите“.

Франција во вторникот беше поразена од Шпанија со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство 2026, а вечерва ќе го одигра натпреварот за третото место против Англија. Тоа воедно ќе биде и последниот натпревар на француската репрезентација под водство на Дешан.

Дуелот меѓу Франција и Англија за третото место на Мундијалот е закажан за 23:00 часот по македонско време.

Поврзани содржини