📽️ ДИВЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НА ИГРАЛИШТЕ Велешанец приведен по снимка што се прошири на социјалните мрежи

23-годишник возел мотоцикл без регистарски таблички и без возачка дозвола, а моторот му е одземен.

235

Дваесет и тригодишен жител на Велес е приведен откако ноќеска управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во градот, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот најпрво бил пријавен во полиција, а снимка од настанот била објавена и на социјалните мрежи.






По преземените мерки и проверки, полициски службеници од СВР Велес утврдиле дека станува збор за С.Ќ. (23) од Велес.

При контролата било констатирано дека тој го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување, односно без да поседува возачка дозвола. Дополнително, мотоциклот бил без регистарски ознаки.

За случајот бил известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 23-годишникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини