🎥 ПОРАДИ „ОДИСЕЈА“ МЕТ ДЕЈМОН ГО ПРЕКРШИЛ СЕМЕЈНОТО ПРАВИЛО „Ова е најтешкиот филм што сум го направил досега“

Мет Дејмон кој го толкува Одисеј - кралот на Итака, кој се обидува да се врати дома по Тројанската војна, во интервју открива дека снимањето на овој филм било негово најисцрпувачко искуство досега, поради кое го прекршил и семејното правило и не го гледал семејството три ипол недели во континуитет.

370

Актерот  Мет Дејмон (55) кој го толкува Одисеј – кралот на Итака, кој се обидува да се врати дома по Тројанската војна, откри дека при снимањето на новиот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey), морал да го прекрши нивното семејно правило.

Во новото интервју глумецот зборуваше и за напорното снимање на филмот, за коешто вели дека било едно од најисцрпувачките искуства во неговата кариера, нарекувајќи го најтешкиот филм што го направил досега.






Тој зборува и за учењето како се користи лак и стрела, глумењето во првиот филм снимен целосно со IMAX технологија, за соработката со Кристофер Нолан, прекршувањето на семејното правило за да може да учествува во проектот и за уште многу нешта.

Американскиот глумец, кој има четири деца со сопругата Лусијана Баросо, призна дека долгото снимање било предизвикувачко и за неговото семејство. Прашан – како неговата сопруга и ќерките се справиле со неговото отсуство, актерот во Today раскажа за своето правило што важело со години.

– Секогаш сме се држеле до правилото за отсуство од најмногу две недели. Ова беше првпат да мораме да го прекршиме. Ме немаше по три и пол недели, па толку и бевме разделени. Тоа беше голема жртва за нив и тешко за сите нас, но сум многу горд на филмот и на нив бидејќи покажаа многу поддршка. Toa што имам вакво семејство многу ми значеше во текот на целото снимање. Тие ме поддржуваа целосно и ги сакам поради тоа – рече тој.

За улогата Дејмон претрпе одредена физичка преобразба, но во друго интервју нагласува дека не сакал да посегне по екстремни методи.

– Мислам дека ќе беше опасно ако морав да се здебелам, а тоа веќе не сакам да го правам. Имам среќа што можев да го направам тоа порано во животот – изјави тој за People.

Сепак, подготовката за ликот на Одисеј барала строга дисциплина и промени во животниот стил.

– Целта беше да се постигне врвна физичка форма, а тоа бара промена на исхраната и начинот на живот. Мора да бидете многу внимателни во врска со сè што внесувате во вашето тело – вели Дејмон.

Снимањето го опишува како најтешкото и најпредизвикувачко во неговата кариера. Целиот процес, вели тој, повеќе потсетувал на експедиција отколку на класично снимање филм.

– Кога ни беше ладно и кога бевме мокри, само се свртевме и гледаме дека и на Крис (Кристофер Нолан) му е ладно и е намокрен, минувајќи низ истото што го поминувавме и ние – се присети Дејмон на соработката со режисерот.

Поврзани содржини